Анкета на МЦМС: Заев со повеќе доверба кај албанскиот електорат

СДСМ ја помина ДУИ во популарноста кај Албанците. 27.5% од нив се изјасниле за партијата на Зоран Заев, а 27.0% за онаа на Али Ахмети.

Овие податоци ги покажува најновата анкета на МЦМС според која Зоран Заев кај Албанците има личен рејтинг од 17.6%, а Али Ахмети од 23% што го прави втор политичар по популарност кај нив.

Премиерот ја зголемил довербата кај Албанците, но изгубил дел од поддршката кај Македонците бидејќи вкупниот рејтинг му е 21.4% со што е намален за 5 процентни поени во однос на истото истражување од пред шест месеци.

Сличен е соодносот и меѓу партиите – СДСМ губи доверба кај Македонците, но добива кај Албанците.

Според анкетата дури 77.8% од Албанците би излегле на избори што е речиси двојно повеќе од вообичаеното на сите претходни изборни циклуси.

Од друга страна за ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 0% од Албанците и 30.4% од Македонците со што опозициската партија е најпопуларна кај нив. Вкупната поддршка кај целиот електорат е 21.5%. Христијан Мицкоски го зголемил рејтингот во однос на претходното истражување за 5 процентни поени и за него сега се изјасниле 7.4% од испитаниците.

Анкетата е спроведена во периодот од  7-15 ноември на примерок од  1.014 испитаници.