Анкета на ИРИ: ВМРО ДПМНЕ ќе го „прегази“ СДСМ ако наредната недела има избори
Најновата анкета на Меѓународниот републикански институт ИРИ покажува дека дури 19 проценти би гласале за ВМРО-ДПМНЕ доколку се одржат избори претстојната недела.
Анкетата е спроведена од 8 април до мај на 1208 испитаници, а на прашањето доколку престојната недела се одржат парламентарни избори за која политичка партија би гласале, ВМРО-ДПМНЕ има речиси двојна предност пред СДСМ, односно 19 проценти од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, додека пак само 11 проценти од анкетираните граѓани одговориле дека би гласале за СДСМ.
Само за споредба речиси на секоја анкета ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство пред СДСМ, а тоа го покажува и стравот на владејчаката партија која бега од изборно соочува со опозициската ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски.
Имено пред само недела ипол и Мицкоски во свое гостување во емисија на нацинална телевизија изјави дека единствена опција за која што ВМРО-ДПМНЕ би разговарала во иднина се одржување на предвремени парламентарни избори.