Анкета на „ИРИ“: ВМРО-ДПМНЕ со убедлива победа на следните избори

Ако „утре“ да се одржат предвремени парламентарни избори 19% од граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, покажува најновата анкета на „ИРИ“. Согласно резултатите од јавното мислење, за СДСМ би гласале 11% од македонските граѓани, околу 7% својот глас би го дале за ДУИ, а само 6% за политичката партија Левица.

И доколку се спореди оваа најнова анкета и онаа од лани од ноември, може да се заклучи дека рејтингот на владејачката СДСМ паднал за дури 5 поени, а на ВМРО-ДПМНЕ за само 1%. Рејтингот на ДУИ останал ист, додека на Левица се зголемил за 2 поени.

Што се однесува до правосудството, според резултатите од ИРИ, каде според досегашните анкети најмногу цвета корупцијата, сега само 4% од испитаниците целосно и веруваат нa оваа правна институција.

На прашањето во која насока се движи земјата на економски план, само 13% од граѓаните кажале дека земјата се движи во вистинска насока, додека високи 58% одговориле дека одиме во погрешна насока, а 28% биле неутрални.

Анкетата е спроведена во име на Центарот за анкетни истражувања од „Брима“, фирма за истражување на пазарот (членка на Тејлор Нелсон Софрес и Галуп Интернешнл).

Податоците се собрани од 23 септември до 13 октомври, 2022, со интервјуа лице в лице во домовите на граѓаните.

Анкетирани се 1.207 испитаници на возраст од 18 години и повеќе. Податоците се подредени според возраст, пол, регион, населено место и етничката припадност. Анкетата е направена со поддршка на Националниот фонд за демократија.

Претодни анкети покажуваа дека Македонските жители веруваат околу 8% проценти во правосудството. За една година намалувањето е за 50%.

Борис Грујоски

Advertisements