Анкета на ИРИ: ВМРО-ДПМНЕ пред голема победа, водат речиси двојно пред СДСМ
Речиси двојна предност и убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ, покажува најновата анкета на „Меѓународниот Републикански Институт“. 19 проценти од граѓаните својата поддршка ја даваат за најголемата опозициска партија, додека пак за СДСМ би гласале 11 проценти.
Трета политичка сила во државава е ДУИ, со поддршка од осум проценти, а во врат им дише Алијанса за Албанците со седум проценти. Рејтионг четири отсто имаат БЕСА и Левица. Еден процент од граѓаните пак својата поддршка би ја дале на Демократската партија на Турците и Алтернатива, додека пак 15 проценти се изјасниле дека нема да гласаат, а 18 се уште не одлучиле.
Високи 56 проценти сметаат дека Македонија се движи во погрешна насока, додека 14 проценти семтаат дека сме на правиот пат. Најголем број од Македонците Бугарија ја гледаат како најтешка пречка на државава на европскиот пат. Дури 66 проценти сметаат дека Бугарија е најголемиот противник на зачленувањето на Македонија во ЕУ. Втора на листата е Грција со 29 проценти, трета е Франција со 16 отсто.
Висок е процентот и на оние кои поддржуваат членство во Европската Унија, односно 78 отсто, додека пак 17 се против. Дури 50 проценти се против процес НА преговори според францускиот предлог, додека за се 41 ОТСТО .
Инаку, реалните животни прашања, а на Бугарија е на најголем проблем за Македонците, проблемите со источниот се при самото дно, односно на 13-тото место од 15. На врвот на листата се сиромаштијата и нискиот стандард.
Од бројките во оваа анкета загрижена треба да биде и скопската градоначалничка Данела Арсовска. Само еден процент од граѓаните се задоволни од нејзината работа, а дури 53 сметаат дека на Скопје му треба нов шеф.
Оваа анкета е спроведена од страна на Меѓународниот Републикански Институт во период од осми април до четврти мај на примерок од 1.208 испитаници.
Матеја Петровски