Анкета: Двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ – 60% од граѓаните сметаат дека Македонија оди во погрешна насока
ВМРО-ДПМНЕ има двојна предност пред СДСМ, покажува најновата анкета на Маркет вижн. Доколку утре се одджат избори, високи 56.6% од испитаниците одговориле дека би излегле на гласање., од нив 18.6% од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за опозициската партија, а само 9.4% за владејачката. За ДУИ се определиле 6.3%, за Левица 4.1%, за БЕСА 3.4%, за Алијанса 1.8%. Не одлучиле 15.3%, а не сакале да одговорат високи 38.0% од испитаниците.
Според регионите, убедлива е предноста на ВМРО-ДПМНЕ во источниот и во вардарскиот регион, но не и во полошкиот. Додека пак гласачкото тело на Левица е главно концентрирано во Скопје.
Oна што е забележително за рејтингот на политичките партии во албанскиот блок е падот на нивната популарност. Паѓа рејтингот на ДУИ во споредба со претходните анкети, но паѓа и популарноста меѓу гласачите на Алијанса и на Беса.
Истражување покажува дека над половина од испитаниците сметаат оти Македонија се движи во погрешна насока, четвртина одговориле дека државата тапка во место, додека пак само 13% сметаат оти државата се движи во позитивна насока. Најголема одговорност за состојбата во земјата, испитаниците ја лоцираат во Владата и во капацитетот на владејачките партии.
При оценка на државните институции од 1 до 5, скоро сите се ниско оценети, а најниски оценки за успешноста во работењето добила Владата, со оцена 2.2 и судството кое е оценето со 1,86. Премиерот добил оценка 2,18, а претседателот 2,32. Две третини од испитаниците, односно 67% сметаат дека Владата работи неуспешно, а 76% од испитаниците сметаат дека судството не работи успешно.
Според 30% од анкетираните најголем проблем со кој се соочува Македонија е инфлацијата, а сериозни проблеми се и невработеноста и намалената стопанска активност. Економијата е главен предзвик за земјава според 70% од испитаниците, додека 20% сметаат дека тоа е нефункционалниот правен систем и корупцијата.
Истражувањето било спроведено од маркет вижн за потребите на МКД мк, преку телефонска анкета на 1.200 испитаници во периодот од 7 до 13ти ноември со статистичка грешка од 3% и интервал на доверба од 95 отсто.