Андонов: Целокупниот безбедносен систем има потреба од реформирање

УБК како орган на државата треба ги извршува по закон утврдени обврски, а на истата и треба реформа, вели универзитетскиот професор Оливер Андонов.

-УБК мора да влезе во сериозен процес на реформирање. Целокупниот безбедносен систем има потреба од реформирање, со цел граѓаните да имаат доверба и гаранција за безбедност. Нејасно е зошто се следеле комуникациите во кабинетот на претседателот, вели Андонов.

Треба да се знае кој раководи со безбедносниот систем во државата, додава Андонов.

Прашањето, вели тој, е како да се направи служба која навистина ќе им служи на граѓаните.

Во „Отворено на Алфа“ со Искра Коровешовска на тема „Сe реформира ли реално УБК или е вплеткана во нова политичка пајажина?“ дебатираат политичките аналитичари и безбедносни експерти, Оливер Андонов, Милан Стефаноски, Тодор Пендаров.