Англиски хотел понуди соби за 28 бездомници за Божиќ

Хотелот „Даблтри” во англиксиот град Хал обезбеди соби за 28 бездомници за Божик, откако им беше откажано претходно договореното сместување.

Група бездомници требаше да отседнат во хотелот „Ројал” во Хал, но хотелската управа се повлече од договореното, објаснувајќи дека биле информирана оти бездомниците минатата година направиле штети додека престојувале во хотелот „Ибис”.

Проектот за бездомници „Рејз д руф“, соопшти дека наводите се „лажни”, а и „Ибис“ го негираше тврдењето.

Карл Симпсон, кој работи во организацијта „Рејз д руф“, за Би-Би-Си изјави дека букирале 14 двокреветни соби за 28 луѓе и оти се надева дека ќе биде постигнат успех како и минатата година во хотелот „Ибис“.

– Кој рече дека чуда не се случуваат?, нагласи Симпсон.

Хотелски синџир „Ибис“ во својата изјава наведе оти „може да потврди“ дека прифатиле бездомничка група на две ноќи минатиот Божиќ, во рамки на проектот „Рејс д руф“ и дека организаторите сметале оти нивниот престој е многу успешен.