Ангел Димитров: Во Македонија само мислат на пропаганда против Бугарија

Во Македонија се мислело само на антибугарската пропаганда по 1944 година а јавноста не била подготвена за промени во историјата вели копретседателот од бугарска страна на Мешовитата историска комисија, Ангел Димитров. Ништо не се случило по агендата од последната заедничка средба во Скопје:  немало промена на учебниците за средниот век во Македонија и Бугарија, која според бугарскиот историчар, треба да се направи веднаш, и евентуалното, потенцира Димитров, заедничко чествување на Гоце Делчев.

  • Тие немаат сознанија што се случувало во првата половина на минатиот век кога населението таму беше прогласено за српско и кога имаше терористички режим, кога таму имаше страшно насилство и постојани репресии. Тоа се чини дека воопшто не ги интересира, па знаат само за пропагандата и манипулациите по 1944 година, а за жал таа пропаганда е антибугарска . Тоа е интересен и важен сигнал пред се за атмосферата во која што работеше нашата комисија на последната 20-та средба. Можам да кажам дека таму нема подготвеност за некаква промена – изјавил Димитров за БНТ.

Димитров вели , Гоце Делчев бил во програмата на Комисијата веќе трета година ама никако да се стигне до дебата за него. Димитров е назадоволен и од пристапот на Македонија за промените во учебниците кои ,како што вели се надвор од „нашата заедничка историја“. Димитров повтори и дека забелешките на македонската страна за бугарските учебници биле општи, не се однесувале на важни нешта во интерпретацијата на историјата и е пожелно да се спроведат, но, македонските историски учебнициа требало да претрпат  сериозни промени.

  • Студијата на Конрад Аденауер дава податоци за ставовите на луѓето. Според нив, најголем непријател на нивната земја е Бугарија – на вакво мислење биле 44 отсто. Нивниот најголем пријател е Србија – така мислат 37,4%. Над 65 отсто се поддржувачи на идејата за отворен Балкан, идеја што ја лансираше Србија. Највисоко оценет претседател е Борис Трајковски, кој трагично загина под сомнителни околности во авионска несреќа. Парадоксот е што Трајковски беше добар пријател на Бугарија“, вели Димитров.

За бугарскиот историчар е апсурден стравот во Македонија од бугаризација. Како аргумент за ова тој посочува изјави на високи политичари, па дури и тогашниот претседател во 90-тите години на минатиот век дека Македонија „стигнала до дебугаризација”.

Викторија Миткова

https://youtu.be/ckWv9cDeWxM