Ангеловски: ВМРО-ДПМНЕ е последниот стожер за одбрана на македонските национални интереси

Во гостувањето во емисијата „Отворено“ на Алфа телевизија, претседателот на МААК, Страшо Ангеловски, вели дека ВМРО-ДПМНЕ е последниот стожер за одбрана на македонските национални интереси и токму поради тоа е цел на напад во последните четири години.

Тој кажа дека и во партијата и кај коалиционите партнери, Христијан Мицкоски има голема доверба и дека распаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ и неговата коалицијата се само пуста желба на некого.

-Не може да постои политика и политичка битка, кога во рацете на еден човек се наоѓаат прислушкувани разговори од стотици членови на опозиција, од поранешен претседател, од важни луѓе. Она што се случи во петокот е само резултат на тие прибавени телефонски разговори, е резултат на притисоци, уцени, закани и ветувања за помилувања, изјави Ангеловски.

Тој спомена и примери низ историјата каде што биле предадени и Гоце Делчев, Кочо Рацин и многу други, дека и луѓето кои нив ги предале биле со нешто уценети, но дека тоа не се памети од народот, туку се памети само предавството.