Ангеловска-Бежоска: Во 2019 година, НБРМ очекува економскиот раст да забрза на околу  3,5%

„Главната причина за ревизијата на проекцијата на НБРМ за економски раст за оваа година може да се лоцира во остварувањата на првата половина на годината, првенствено поради отстапувањето во сегментот на инвестициите што имаше ефекти врз економската активност“ – објасни гувернерката на НБРМ, Анита Ангеловска-Бежоска, во рамки на нејзиното вчерашно гостување во „Отворено“ на „Алфа“.

Таа нагласи дека среднорочната проекција на НБРМ за растот во 2019 година не е променета. Со претпоставки за постепено забрзување, во 2019 година, НБРМ очекува економскиот раст да изнесува 3,5%. „Овој раст не очекуваме да предизвика ниту инфлаторни притисоци, ниту притисоци на девизниот пазар. Очекуваме стапка на инфлација од околу 2%, што значи стабилен раст на цените, блиску до нашиот историски просек.“ – потенцира Ангеловска-Бежоска.