Анастасовски: Пратениците нема да имаат време да го разгледаат Договорот со Бехтел и Енка

Универзитетскиот професор Иван Анастасовски, во денешното издание на „За или против“ рече дека пратениците нема да имаат време да го погледнат Договорот со Бехтел и Енка бидејќи тој е обемен, и треба време.
„Секој пратеник доаѓа од различна фела. Не може да се каже дека сите пратеници би го разбрале цел материјал, дополнително е проблем што е обемен. Тој договор треба да се преведува, да се разработи. Не може на тој начин да биде презентиран на Седница во Законодавниот дом, која денеска најавија дека ќе биде од затворен тип“ – рече Анастасовски.