НАЈНОВИ ВЕСТИ

Аналитичарите загрижени затоа што македонските институции не ја гледаат корупцијата која ја виде САД

Што прават македонските правосудни, истражни органи, ако други земји успеваат да видат корупција во Македонија, а нашите институции не? Ова прашање го поставуваат поголем дел од аналитичарите, коментирајќи ја одлуката на САД, струшкиот градоначалник и неговото семејство да се најдат на црната листа на Америка.

Најстрашно е што ние имаме потреба некој да не потсетува дека треба да се работи работата за која институциите се платени, односно дека Стејт Департменост треба да каже дека во Македонија имаме корупција за властите да се фатат за работа, сметаат дел од познавачите.

Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнал за Алфа вели дека оваа ситуација треба да не загрижи, оти корупцијата е пред нашите очи, ама во Македонија се уште постои мешање на политиката во работата на институциите, и затоа имаме состојба на недоприливост на одредена група на лица.

  • Првата реакција на секој граѓанин во Македонија би требало да биде, а што правиме ние за тоа? Се уште кај нас е присутна состојбата на заштитеност и недоприливост на носителите на високи функции, иако многу пати е укажувано и граѓаните ги гледаат, дејствијата се очигледни затоа што не се прави никаков напор ни да се прикријат коруптивните однесувања, затоа што се знае дека нема институција што може било што да направи за тоа, пред се заради мешање на политиката и заробеноста на државата во институциите, вели Тасева.

Поранешниот антикорупционер Воислав Зафировски вели дека треба да се поздрави реакцијата на САД, но треба некој и да понесе одговорност, оти, како што вели тој никој не ги чепка луѓето од власта кои се учесници на корупција од највисоко ниво.

  • Ова е работа на институциите на Македонија, да добро е што сме поттикнати, добро е што ги потсетуваат дека корупцијата ни се случува пред носот, дека во неа се вклучени луѓе од власта, а се разбира најголемата одговорност треба да падне на луѓето од ДУИ кои 20 години не се мрднаа од власта, 20 години се учесници во разни тендери, скандали, меѓутоа македонското правосудство едноставно е немо, вели Зафировски.

Мерко не е првиот човек кој е дел од власта во Македонија, а да е е на црната листа на САД.

Мери Симоновска