Анализа: Најмалку 230.000 пензионери едвај крпат крај со крај, со примања помали од минималната плата

Покачување од околу 10% при инфлација од речиси 20% – ова значи дека лани пензионерите во суштина осиромашиле – растот на нивните примања не ги следеше поскапувањата на буквално се.

  • Се е поскапено, ова со инфлацијата сериозно ни ги празни паричнисите, мислам дека не стигаат ни за лекови, камо ли за нешто повеќе, се жалат пензионери пред камерата на Алфа.

Највозрасните граѓани се меѓу најразочараните – велат државата не води доволно грижа. Поранешниот претседател на Сојузот на здруженија на пензионери, Драги Аргировски, објаснува дека минатата година била лоша за пензионерите, дека дури 230.000 пензинери живеат на работ на егзистенција со помали примања од минималната плата.

  • Речиси 230.000 пензинери живеат со пензија до 15.000 денари. Со овие пари тешко дека оваа категорија ќе има достоен живот за тоа. Четири месеци пензионерите останаа без денар зголеување, тука ги нема поволностите кои претходно ги имаа, како што се бесплатно бањска лекување и рекрација, бесплатен превоз, сетоа тоа отпадна, вели мнеѓу другото за Алфам поранешниот претседател на Сојузот на здруженија на пензионери, Драги Аргировски.

Ништо подобро пензионерите не очакуваат ниту за оваа, 2023-та година. Освен ниските просечни примања многу сериозен проблем е и недостатокот на пензионерски домови, изминатиов период воопшто не се вложува во изградба на нови или обнова на постоечките.

  • Не може грижа за пензиоери, а да немаме ниту еден пензионерски дом годиниве наназад. Сите работи што требаа да го добијат граѓаните од третото животно доба, за да се подобри живототи, се тоа отпадна, многу сме разочарани, додава Аргировски за Алфа.

Добар дел од пензинерите се разочарани од владини ветувања. Велат дека зголемувањата на пензиите, се само мачкање очи, оти инфлацијата пред време им ги изела.

  • Ништо нее доволно, се е прескапо, сметките не можеме да си ги платиме, има некои пензионери кои се добро платени, но добар дел од нив едвај крпат крај со крај, реагираат пенионери пред нашата камера.

Повеќето од пензионерите сметаат дека до пред неколку години живееле подобро, а за 2023-та не се оптимисти, иако како што велат, надежта последна умира.

Според најновите податоци на Фондот за пензиско во Македонија во октомври 2022-та имало 332.622 пензионери чија просечна пензија изнесувала 17.518 денари. Па така, за прв пат во историјата, просечната пензија сега е пониска и од минималната плата.

Борис Грујоски

Advertisements