Амбулантните возила ќе се крпат со употребувани од земјоделие

Падна во вода владиното ветување дека со продажбата на „мерцедесот“, за чија набавка беше осуден и екс-премиерот Никола Груевски, ќе се купат амбулантни возила. Дали ќе се продаде и каде ќе завршат парите, не се знае. Јасно е само дека Владата повторно се одрече од него. Но, со него се превезуваа претставници на меѓународната заедница, како германската канцеларка Меркел, првиот човек на НАТО, Јенс Столтенберг, помошник државниот секретар на САД Мичел. Сега од владината прес служба велат, велат ….Т

Набавката на 12 – те нови возила чини 18 милиони денари. А осум комбиња од Министерството за земјоделство ќе се адаптираат за потребите на Итната медицинска помош. За тоа во каква состојба се, дали ќе се користат само за транспорт, и колку ќе чини опремата за нив, одговор се чека од секторот за внатрешна контрола при Министерството за здравтсво кој прави анализа. Засега е познато дека во возилата имало канцелариска опрема.

Додека трае оваа, во меѓувреме се прави анализа и за тоа дали е подобро приватник да менаџира со Брзата помош и домашната посета преку „опцијата“ јавно -приватно партнерство. Студијата ќе биде готова за два месеци. Министерот Филипче вели дека ваквата идеја е добра, и ветува дека и приватна фирма би била контролирана за работењето од страна на државата.