Амбасадори: Македонската дипломатија реди порази, потребен е нејзин ремонт

Со преговарачката рамка спакувана во француски предлог Македонија никогаш нема да влезе во Европската Унија. Лошата и поразена македонска дипломатија мора да претрпи радикални промени, бидејќи во простивно државата ќе доживее колапс, а македонскиот народ ќе биде избришан како никогаш да не постоел, вели поранешниот амбасадор Ристо Никовски.

  • Се што правеше и бараше Бугарија, што беше надвор од било какви меѓународни пракси, ние сето тоа прифаќавме и се доведовме во позиција на безизлезна ситуација. Врв на тоа е промената на Уставот која значи директно и отворено бришење на македонскиот народ кое ние цело време го толерираме, политичарите се прават дека се отсутни, и на сите тие тешки провакации, негирање, последните без за Илинден, македонската страна остана нема. И тоа значи дека се согласува со нив, тоа значи дека никаква дипломатија“ вели Никовски.  

Сите чекори кои се преземаат односно не се преземаат на надворешен план, покажуваат дека политиката диктира со кое темпо ќе работи дипломатијата, а  резултот е едно големо ништо , оценува Никовски.

  •  Во целина тоа што се случува во државата на надворешен политички план покажува дека Македонија нема своја надворешна политика, дека дипломатијата е во сенка на политиката која диктира се, и сте чуле ли вие некој наш амбасадор што направил некаде во светот, немаме никаква информација. Значи тие луѓе се врзани за полититиката и не може да делуваат на еден класичен познат и признат дипломатски начин“ вели Никовски, поранашен амбасадор.

Бугарската дипломатија ја порази македонската бидејќи се што беше барање на официјална Софија стана услов во преговарачката рамка за Македонија, смета дел од дипломатската фела.

  • Ние сме неподготвени. Ние немаме аналитички тимови, ние не предвидуваме, ние само лечиме..Проблемот е во тоа што вадиме костени од оган. Тоа што Османи, не сака да го објасни е токму тоа дека Договорот е штетен за Македонија. И ги предизвикува сите „неволји“ што ги имаме… Два народи не може да имаат иста историја. Штом имаме два народи имаме и две историја и тоа е парадоксално… “ вели Ѓорги Мисајловски, поранешен амбасадор.

И двајцата поранешни амбасадори се со единтичен став дека Договорот за добрососедство и ги врза рацете на Македонија, и Бугарија може слободно да си ја спроведува агресивната политика која е пракса со години наназад.

Викторија Миткова

Advertisements