НАЈНОВИ ВЕСТИ

Амбасадори: Германската резолуција не решава ништо, зашто нема обврзувачко дејство за Бугарија

Со мнозинство гласови на пратениците на трите владејачки партии, германскиот парламент вчера ја изгласа резолуцијата за поддршка на Македонија со која се потврдувал македонскиот идентитет, култура, обичаи. Ова го најави и премиерот Ковачевски како чекар со кој ни се гарантирал идентитетот, но дали она што се изгласа во Бундестагот може навистина да ни го гарантира самоопеделувањето?

Дел од аналитичарите и поранешни дипломати согасни, усвоената резолуција е за поздравување, но сепак велат немала никакво обврзувачко, ниту пак правно дејство.

Поранешниот амабасадор во Софија, Марјан Ѓорчев за Алфа вели, Германија ни била долгогодишен приајтел, но сепак ова што тие го услоија е само добар гест, а не нешто на кое правно може да се потпреме.

  • Германија е осведочен пријател на Македонија од порано, така што не е ништо случајно, тие во овој процес на нашето пристапување не помагаат континуирано, меѓутоа тоа нема никакво обврзувачко дејство затоа што таа е само една од 27те земји членки на ЕУ, во секој случај е израз на добра воља, но без некаков имиџ на гаранции или нешто што би значело гарантирање на она што ние бараме како гаранција на македонскиот идентитет“ вели Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија.

Со сличен став е и пораншениот амбасадор во Лондон, Јован Донев, кој вели не треба некој друг да ни го гарантира идентитетот, тоа е работа на Македонија. Германија е пријател на Македонија, но она што треба да го направи за заштита на нашито иденитет е работа во Советот на Европа. А резолуцијата која е усвоена немала ниаккво обврзувачко дејство дури ни за германската влада, а камо ли за другите земји членки на европското семејство, вели Донев.

  • Резолуцијата на германскиот Бундестаг, без разлика што не е обврзувачка за никого, па ни за нивната влада, во крајна линија не е избалансирана. Доколку Германија, навистина го мисли тоа што го напиша, тоа најдобро би го докажала, доколку сериозно се заложи пред бугарската влада за признавањето на културните права на Македонците во Бугарија. Тие се дел на ЕУ како бугарски државјани меѓутоа не ги уживаат своите културни права.  Германија и останатите членки на ЕУ се и членки на Совет на Европа, имаме пресуди на судот за човекови права, и од Германија може да побараме да го внесат тоа како услов за Бугарија“ рече Јован Донев – поранешен амбасадор.

Германската резолуција ја поздравуваат и од власта и од опозицијата. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски вели секоја резолуција е добредојдена, но сепак вели тој Тоа не е, би рекол,  ниту пет проценти од она што овој народ го заслужува. Од СДСМ на себе си ја препишаа заслугата за германската резилуција, иако како што велат дел од аналитичарите таа не е изненадување, оти Германија одамна е поддржувач на Македонија.

Мери Симоновска