Амбасада на САД: Метју Палмер в понеделник доаѓа во Македонија

Заменик помошникот државен секретар за европски прашања на САД, Метју Палмер, в понеделник доаѓа во Македонија, информираа од американската амбасада.
-Палмер, ќе дотпатува во Македонија в понеделник 22 октомври, на разговори околу поддршката на САД за договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција и важноста да се продолжи со реформската агенда на Македонија. Тој ќе се сретне со претставниците на владата и политичките партии, меѓу кои и премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, информираат од амбасадата.