Алфа репортажа: Почетокот на изградбата на коридорот 8 за сега останува само на најава

Стартот на градежните работи на коридорот 8  само сеќавање на најавите . На автопатот Гостивар – Тетово два пати свечено беше кажано дека почнуваат градежните работи , но на терен само една табла и една дупка кои се неми сведоци на помпензите најави од Владата .

Камерата на Алфа не забележа никаква градежна активност, ниту пак поставена механизација .  А она што ни беше кажано од луѓето кои постојано се движат на патниот правец дека не забележале досега да се работи.

„ Таблата која го симболизира Камен темелникот на коридор 8 беше откриена на 4-ти април од целата Влада кога беше најавено дека дошол историскиот ден и почнуваат градежните активности  

Две недели откако ја открија таблата ,на 22 април, Министерството за транспорт и врски и јавното претпријатие за државни патишта  се пофалија дека стартува реализацијата на договорот  за коридор 8 ама наместо лопата видовме соопштение во кое стоеше дека стартувале подготвителни работи, снимање на теренот, подготовка на урбанистички проекти, основни проекти за да се отпочнат постапки за експропријација и проектирање .

 И после два месеци, , главните актери во проектот Артан Груби, Благој Бочварски  и Ејуп Рустеми уште еднаш кажаа дека стартуваат поготвителните работи каде треба да поминува алтернативниот пат Гостивар Тетово. Овој пат , донесоа и една машина на терен и се ископа малку земја

Јас одговорно ви тврдам дека од денеска имаме механизација на терен бидејќи имаме нов концепт на градба на патиштата бидејќи тој стариот концепт што беше до сега ние сите сме сведоци колку траат нашите проекти за изградба на патиштата. Како пример ни е кичево-охрид. Значи 10 години не можеме да го завршиме патот што има 57 километри. Затоа ние како јавно претпријатие, министерството за транспорт и врски, владата одлучивме да менуваме концепт, рече Рустеми на 01.06.2023

Каде е механизацијата која Рустеми одговорно тврдеше дека е на терен, останува нејасно  

Прво што треба да се гради е алтернативниот пат кој се наоѓа странично од автопатот Тетово – Гостивар ,така беше најавено на 1- ви јуни кога претставници од Владата дојдоа тука уште еднаш да означат старт на градежни активности со геотехнички мерења  . Денеска нема ниту градежни работници , ниту механизација.

Во моментов треба да се одвива првата фаза , која се однесува на мерења на стабилноста и составот на почвата, а паралелно да се врши експропријација на земјиштето .  Потоа треба да се гради страничниот пат кој ќе ги поврзува селата со надвозници и подвозници , а постоечкиот автопат Гостивар тетово да се руши и да има нов автопат со три ленти.

Кристина Алексиеска

Advertisements