Алфа „грдо пајче“ за Владата: Од сите национални телевизии, само Алфа не доби покана за Рим

Алфа не помина низ владиниот визен режим. Од пет национални телевизии, четири добија виза за Рим, една, онаа најкритичната кон власта, не доби. Прашавме зошто токму од петте национални телевизии, ние не бевме поканети.

Зошто Алфа е единствена телевизија со национална концесија која не беше поканета на овој настан организиран на трошок на Владата?, прашавме во Владата

-По кој критериум беа одбрани и поканети сите национални телевизии, освен Алфа?, прашавме во Владата

Одговор на прашањата Алфа се уште нема. Но, ова не е прв случај нашиот медиум да е заборавен од врвот на власта. Пред точно една година, кога претседателот Стево Пендаровски за истиот празник беше во Рим, беа повикани сите медиуми, освен секако Алфа. Подоцна за ваквиот потег од неговиот кабинет стигна извинување. Станувало збор за логистички и технички пропуст.

-Кабинетот на претседателот во континуитет се залага за воспоставување и за градење транспарентен и партнерски однос со сите медиуми во нашата држава, со цел навремено, точно и прецизно информирање на јавноста. Впрочем, тоа е една од главните одлики на претседателот Пендаровски, подготвеноста за постојана комуникација со претставниците на медиумите и неговата достапност за одговор на кое било прашање од јавен интерес, реагираа лани од кабинетот на Пендаровски.

Бидејќи одговор од Владата не добивме, решивме преку архивите да се обидеме да го добиеме одговорот. А таму ни дојде можната причина, Алфа е трн во окото на власта од првиот ден.

-Не ја прифаќаме, не ја прифаќаме на Алфа телевизија, бидејќи вие ќе видите зошто. Јас сум слободољубец, јас сум човек кој верува во вредности, но и сум човек кој го слуша народот, веројатно има причина што вака реагираат. Не знам зошто, проверете зошто. Еве луѓето викаат не, јас не ја прифаќам поканата, изјави Заев.

Заев не беше единствен кој директно ја напаѓаше Алфа. Тоа токму пред камерата на нашата телевизија го стори и неговата долгогодишна партиска заменичка Радмила Шекеринска.

– Јас и со вас разговарам, би сакала да разговарам и со сопственикот на вашата телевизија, ама не го знам кој е. Тоа е разликата меѓу тогаш и сега, ни порача Шекеринска.

За жал гледачите телевизија Алфа, немаат можност во нашите информативни изданија да бидат известувани во живо од Рим. Од пет национални телевизии, четири заминаа таму на покана од Владата, без покана остана само една, Алфа телевизија.

Алфа беше и мета на закани од врвот на власта. Во една ситуација екс премиерот и ни порача дека ќе си имаме работа со финансиската полиција.

-Беше споменато при едно интервју од Финансова полиција дека имало контрола, не знам дали има истрага, дали има предистрага или слично, дека имало контрола порано, изјави Заев.

По оваа изјава на премиерот, Алфа повеќе пати беше под контрола од Финансовата полиција, но и УЈП и МВР, кои сепак на крајот не најдоа ништо незаконско во работата на телевизијата.

Матеја Петровски

Поврзани вести