Алфа анкета: Граѓаните не се задоволни од замрзнувањето на цените

Тестенините и млечните производи од денеска со замрзнати цени. Откако беше наложено да повтинат за 10 односно за 15%, макароните и шпагетите се продаваат од 5 до 8 денари поевтино, млекото е намалено од 8 до 10 денари, млечните намази за 10 до 13 денари, а јогуртот за околу 10, најголемо намалување околу 30 до 40 денари од килограм има кај сирењето и кашкавалот кој и до сега се продаваа најскапо.
Купувачите велат дека владината мерка доаѓа предоцна, откако се веќе драстично поскапело.
Сирењето од 280 отиде на 380, па сега го спуштија на 350. Ова ли е намалување, прашуваат граѓаните?
Граѓаните бараат да се намалат цените и на останатите производи, особено на овошјето и зеленчукот.
Ова е второ замрзнување на цените годинава. Прв на листата беше белиот и полубелиот леб на 33 денари, и во земјава се направи невиден хаос, односно во маркетите немаше леб.Од основните производи, незамрзнати останаа уште цените на шеќерот, јајцата и оризот за кои Владата потврди дека се прават анализи.
Ања Лукарова