Али Ахмети плива во луксуз – БЕСА прашува каде се парите од војната?

Али Ахмети плива во богатство и раскош. На видеото кое го објави потпретседателот на движењето БЕСА, Фатмир Лимани, се пласираат серија обвинувања и прашања за лидерот на интегративците, помеѓу кои и тоа, каде биле 4те милиони евра од фондот за спонзорирање на војната.

  • „- Штабот во Тетово (кај палатата на културата) со чии пари и на чие име е купен?!
    – Штабот во Скопје (во Чаир) со чии пари и на чие име е купен?!
    – Вилата во заливот Лалез со чии пари и на чие име е купена?!
    – Хидроцентралите на реката Бачишти во име и сопственост на кое лице се?!
    – Кога и за колку се купени парцелите?!“ – Прашува потпретседателот на БЕСА, Фатмир Лимани.

На видеото кое го има објавено Лимани, може да се види и луксузен возен парк, кој наводно го поседува Али Ахмети, а содржи бројни лимузини и џипови.

Лимани му порача на Ахмети дека нема да молчат, за тој во мир да ужива во луксузот.

  • „- Со кои пари се купени парцелите околу Сарајот на Али?!
    – Надоместокот на швајцарскиот суд, за злоупотребената пензија од Али бег, од кои фондови се враќаат средства?!
    – 4.000.000 евра од Фондот „Национална слобода“ што останаа по војната, каде отидоа, кој ги зема?! – Додава Лимани.

Лимани му порача на Ахмети дека не се плашат оти ќе бидат елеминирани. Вели дека границите на разумот и трпението биле надминати, а најави и продолжение.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста