Албанците муслимани од Косово и Македонија непожелни на албанските плажи за двајца Албанци католици

Албанската полиција распиша потерница по двајца нејзини државјани заради поттикнување омраза, а за двајцата постојат сомненија дека ја напуштиле земјата и највројатно се засолниле во соседните земји, пренесува телевизјата Ора њуз.

Веста која ја пренесуваат и другите албански медиуми, повикувајќи се на порталот Инсајден, наведуваат дека преку два видео записа тие упатуваат закана кон Албанците муслимани од Косово и  Македонија да не доаѓаат на одмор на албанското крајбрежје бидејќи „ќе бидат живи дерени, како што тоа им го правеле Србите на Албанците во Косово“.

Покрај ова и други навредливи зборови, Албанците муслимани од двете земји, кои заминале на одмор на плажите во Албанија, ги нарекуваат „валкана и карцерогена раса“.

-Вие сте валкана, канцерогена раса во светот, вели меѓудругото едниот од нив.

Медумите наведуваат дека овие видеа што циркулираат на социјалните мрежи предизвикале голема вознемиреност меѓу Албанците од двете земји.

-Државната полиција веднаш покрена соодветни проверки за да се изведат пред лицето на правдата лицата кои со своите коментари поттикнаа омраза и нетрпеливот. По спроведените процедурални активности полицијата ги идентификуваше двете лица кои употребуваат говор на омраза. По Антон Зефи (39) од Хот, Голема Малесија, и Луиѓ Марку (36) од Калмет, кај Лежа, распишана е потерница откако е утврдено дека се надвор од територијата на Република Албанија, соопшти државната канцеларија за борба против тероризам.

Се нагласува дека државната полиција останува посветена да се справи со какво било незаконско дејствување и да обезбеди безбедна средина за сите албански или странски државјани кои ја одбрале Албанија како дестинација за летување.

Врз основа на албанскиот Кривичен законик за кривичното дело „поттикнување омраза и нетрпение “предвидена е казна од две до 10 години затвор