Албанската „Ора Њуз“ објавува: Високи македонски функционери вмешани во шверц со наркотици

Нови „бомби“, но овој пат за власта предводена од ДУИ и СДСМ. Високи македонски функционери и припадници на МВР биле вмешани во шверц со дрога и наркотоци, објави албанската телевизија „Ора њуз“.

Од медиумот велат дека за скандалот до нив пристигнале неколку ауди-снимки кои содржат разговори на функцинери од највисоките ешалони на власта во Македонија. Иако оттаму се уште ги немаат објавено снимените разговори, тие биле поврзани со шверц и нелегална трговија со наркотици.

Лицето кое ги поседувало аудио-снимките, за „Ора Љуз“ истакнало дека првично го информирал Трајче Заев, човек кој има исто име со братучедот на поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев. Откако тој ја слушнал снимката, наводно му одговорил со кодирана порака.

„Мислам дека би била многу позната книга кога би била објавена. Според мене, оваа книга треба да има што помала публика, но секако дека зависи од вас. Ајде да договориме уште една средба, следната недела“. – Стои во кодираната порака.

Трајче Заев пред нешто повеќе од година, беше поврзан со акцијата на американската ДЕА, кои во соработка со македонската полиција на Плетвар запленија дрога вредна 800,000 евра. Братучедот на Заев се поврзуваше со скандалот преку наводната вмешаност на неговиот личен шофер Александар Ушилковски. Во официјалното соопштетно на МВР за акцијата, тогаш информираа дека при претрс на лицето со иницијали А.У. , во стан во Скопје, било пронајдено поголемо количество оружје, муниција, гранати, барут и делови за оружје, а при претрес извршен на стан во Битола, беа пронајдени 13.600 евра и 50 илјади денари, колекција луксузни часовници, како и документација за фабрики за производство на марихуана, а во моментот додека траеше полициската акција, братучедотот на Зоран Заев беше во Обединетите Арапски Емирати.

Инаку, според информациите на албанската телевизијата „Ора Њуз“, во аудио-снимките за шверцот со наркотици каде биле вмешани високи функционери од коалицијата СДСМ-ДУИ, а и познати имиња од МВР, наводно можело да се слушне како тие директно интервенирале за да спречат операција превземена од странски агенции.

Никола Цветкоски

Advertisements