Албанската опозиција бара предвремени парламентарни избори за делегитимирање на власта

Албанската опозиција повторно му фрли ракавица на премиерот –Алијанса на Села бараат предвремени парламентарни избори кои самиот ги вети. Алармираат дека не добивањето датум значи и делегитимација на неуспешното владеење на оваа владат. Бараат со нови избори да биде казнета веќе ветената европска перспектива.

– Многу добро се знаеше дека земјите членки нема да се согласат да и ги отворат вратите на ЕУ на една држава која не покажува политичка волја за спроведување на основните европски принципи на владеењето на правото. Само нови избори можат да донесат вистинска реформистичка влада, велат од Алијансата.

Од БЕСА на Касами реагираат дека откако од Берлин не ја добивме посакуваната вест за отпочнување на преговори за членство во Европска Унија, ниту вчера во Луксембург не добивме зелено светло владата мора да понесе одговорност. Бараат нивна вклученост во реформските закони.

-Северна Македонија, за жал, не успеа да добие датум за почеток на преговорите во овој месец, но, исто така, спорен е фактот дека сè уште нема потврда дека во оваа година сигурно ќе го добиеме датум за почеток на преговорите . Движењето Беса апелира дека во следниот период, Владата и сите други институции да се посветат максимално, и да работат на долго очекуваните реформи, а особено во делот на забелешките од извештајот на Европската комисија, велат од БЕСА.

Заев ниту овој пат не остана доследен на своите изјави, па откако добивме ладен туш од европските челници, повторно ги погази своите зборови па наместо изборите кои ги вети сега вели немало причина да се размислува во таа насока.

Од трите услови кои како „Закана“ ги испорачуваше до европските челници, премиерот реши наместо изборно соочување да направи реконструкција на владата. До петок ќе бидат доставени предлозите за нови министри , а изборот на новата влада веќе од следната недела да ја свика и седницата.

Ивана Соколовиќ Најдова