Албанија утре ќе го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска ќе отпатува на работна посета во Република Албанија и утре ќе присуствува на пленарната седница на Собранието на Република Албанија, на која ќе се ратификува Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.

Претходно, Џафери вчера присуствуваше на седницата на Државниот збор на Република Словенија на која што беше ратификуван Пристапниот протокол за членство на Македонија во НАТО.

Според најавите, по Албанија, наредна земја која што ќе го ратификува Протоколот ќе биде Црна Гора.