Аларматни состојби во здравството – ќе има ли одговорност?

Јавноста бара одговорност – лекарите повикуваат на трпеливост пред да се утврдат вистинските причини за смртта на шестгодишната Јана. Зесега, вината не е ниту кај едните, ниту кај другите. Пет дена по трагедијата сè уште не се откриваат причините за изгубениот живот на Јана. Со последниот извештај на ДСЗИ здравствените инспектори наместо да ја затворат, само ја зголемија дилемата – како може дете од шест години да почине од застој на срце. Граѓаните разочарани и револтирани од нефункционалноста на системот.Бараат одговорност.
Како и за сите други случаи кои наликуваат на овој со малата Јана од Битола, прашањето е дали ќе се чека со години за да има разрешница ? или воопшто нема ни да има.
Сомнежите дека станува збор за лекарска грешка ги подгрева и фактот што во земјава има мал историјат на лекари кои се осудени поради нестручно работење.
Родилката од Дебар Јилдиз Веаповска која остана без јајник, матка и бубрег 3 години чека правда. 7-члената стручна комисија и тогаш не констатираше пропусти кај лекарите, а судскиот процес постојано се одложува.
Никој нема да одговара ниту за смртта на малата Тамара од Велес – Кривичните дела застареа.
Судскиот процес против тројцата хирурзи кои одговараа за смртта на 19-годишната Наташа Кметовска која почина од заскитан куршум, траше цели 6 години, а заврши со само една условна казна.
Завршница нема ниту за повеќе од 12 пацинети кои во екот на пандемијата починаа од ковид19, каде постоеа сомнежи од нивните најблиски дека починале поради лекарска грешка. Се остана само на истражувањата на ДСЗИ.
Ања Лукарова