Алармантно во Хонг Конг
Хонг Конг денеска ги затвори училиштата откако властите објавија црвен аларм поради обилни врнежи и можни големи поплави. Предупредувањето дојде само неколку дена откако градот беше погоден од најсилниот дожд во последните 140 години.
Берзата во Хонг Конг ќе остане отворена доколку не биде во сила највисокото, „црно“ метео предупредување.
Многу области имаат и продолжуваат да имаат висок ризик од лизгање на земјиштето по невообичаено влажно време.
Големо количество вода ги поплави тесните улици, трговските центри, станиците на подземната железница и тунелите во Хонг Конг минатата недела, а две лица загинаа, а 144 се повредени во невремето, јавуваа светските агенции.