Акциска контрола на тетовско-гостиварското подрачје : Oткриени неисправни автобуси и комбиња

Во вчерашната контролна акција на сообраќајната полиција низ полошките сообраќајници, откриени се над триесет технички несправни автобуси, комбиња и минибуси кои вршат превоз на патници.

Констарано е дека секое петто возило било со несправни сопирачки и уред за управување. Од сообраќај биле исклучени 34 возила.

Од СВР Тетово информираат дека вчера во периодот 8:00 до 13:00 часот, на тетовско-гостиварското подрачје била спроведена акциска контрола за техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници.

Со контролата вкупно биле опфатени 148 возила, автобуси, минибуси, комбиња. Од нив во тетовскиот регион биле 72 и во гостиварско 76, по што 114 упатени се на дополнителен преглед