Актер исценирал „расистички напад од поддржувачи на Трамп“ за да дигне фама околу себе

Телевизискиот актер Џуси Смолет е уапсен бидејќи организирал лажен напад за да ја поттикне својата кариера. Обвинет е по 16 точки за лажно пријавување до полицијата дека го нападнале две лица навредувајќи го на расна и сексуална основа.

Смолет неодамна поднел тужба во која навел дека маскирани лица го нападнале среде Чикаго, прво вербално, а потоа и физички, врзувајќи му јаже околу вратот и полевајќи го со некаква хемикалија.

Тој додал и дека напаѓачите му викале дека се наоѓа во МАГА земјата – според слоганот на Трамп, „Make America Great Again“ – MAGA.

Според полицијата, двајцата браќа (инаку афроамериканци) признале дека Смолет им платил пари за да го исценираат нападот. Локални новинари пронашле снимки од безбедносни камери на кои се гледа како браќата „напаѓачи“ ги купуваат предметите кои се употребени при наводниот напад, меѓу кои се и црвени капи и маски за лице.

Смолет е под истрага и за расистичко писмо кое си го пуштил самиот на себе. Кога тоа не оддекнало како што очекувал, решил да организира лажен напад врз себе. На почетокот, нападот наиде на јавна осуда од актерката Ема Вотсон, пејачката Кејти Пери, поранешниот потпретседател Џо Бајден и бројни други политичари од блокот на Демократите.