„Ако хетеросексуалноста е нормална, зошто има толку со ментални нарушувања?“ – контроверзни прашања за средношколците во Македонија
Доколку не сте имале сексуален однос со припадник на вашиот пол, дали е, сепак, можно да сте хомосексуалец/ка? Кога и како прв пат сфативте дека сте хетеросексуалец/ка – ова се само дел од прашањата кои им се поставуваат на средношколците кои се решиле да го изучуваат изборниот предмет Образование за животни вештини.
Во работните листови преку прашањата дури и се наведува дека дел херетосексуалците се со ментални нарушувања или пак се ризик за децата во училиштата.
РАБОТНИ ЛИСТОВИ ПО ПРЕДМЕТОТ ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ ЗА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ:
Ако хетеросексуалноста е нормална, тогаш зошто толку многу хетеросексуалци се лица со ментални нарушувања?
Најголемиот број лица што злоставуваат деца се хетеросексуалци. Дали сметате дека е безбедно вашето дете да го праќате на училиште каде повеќето наставници се хетеросексуалци?
Дали би сакале вашето дете да биде хетеросексуалец/ка знаејќи ги проблемите со кои се соочуваат како прељуби, болести, разводи?
И покрај целата општествена поддршка што се пружа на бракот како институција, стапката на разводи и понатаму расте. Зошто има толку малку стабилни релации меѓу хетеросексуалците?
По бурните реакции во јавноста, се јави Бирото за развор на обвразованието од каде потврдуваат дека овие материјали се користат, но не спаѓаат во задолжителната програма во сите средни училишта.
- „Наставната програма за Образование за животни вештини не се однесува на наставен предмет, туку може да се реализира на часот на класната заедница со учениците од прва до четврта година во сите видови средно образование (гимназиско образование, уметничко образование и средно стручно образование). Во програмите за средно образование (од прва до четврта година), во темата Здраво живеење има разработено содржини, цели и активности кои се однесуваат на сексуалното здравје“ велат од Бирото за развој на образованието.
Од Бирото дополнуваат дека овие материјали ќе бидат ревидирани согласно образовната реформа на средното образование.
Револтирани од ваквите образовни реформи и програми, граѓанската организација „Родителски фронт“ најави протест против родовата идеологија и пропаганда во Струмица.
Родителите го креваат гласот и против “образовните” концепти за рана сексуализација за учениците од седмо до деветто одделение. Како што наведуваат, во објавените наставни материјали на страната на Бирото за развој за образованието, наставниците на учениците од 12 години до 14 години треба да им покажат како да местат презервативи користејќи краставици, што е погрешно насочување на младите кое ќе има далекусежни последици.
Викторија Миткова