Ако училишниот прибор е луксуз за семејства со двајца вработени родители, што станува со самохраните?

Ако приборот за учениците пред стартот на учебната година станува луксуз и кога двајца родители во едно семејство се вработени, што станува за децата кои живеат само со еден родител, односно самохраните родители. Здруженијата алармираат дека ниту една институција не се грижи за нив, ами дека хумани луѓе и донатори им се нуидат за помош за дечињата од еднородителските семејства да не се почувствуваат дискриминари и обезправени.

Едвај се преживува со две, а камо ли со една плата во време на беспарица, реагираат самохраните родители во пресрет на новата учебната година. Дороти Пачкова од Здружението на Самохрани мајки за Алфа вели дека самохраните родители се оставени сами на себе да се снаоѓаат како знаат и умеат. Ако не се хуманите донатори – ниту институциите, ниту државата ги нема да им помогнат на оние на кои помошта сега им е повеќе од потребна. Додава дека предизвиците со кои се соочува денешниот самохран родител се како долг и мрачен тунел по кој тешко се стигнува до и онака бледата светлина.

Долга е листата на проблеми, но и предизвици пред кои е исправена самохраната мајка во земјава, додава Пачкова. Дека се потешко ќе биде за самохраните родители, вели и Драгатана Спасевска од иницијативата “Учебици и настава мора да има“. Капак на се е недостигот на учебници кој е основен прибор за децата, додава Спасевска која смета дека со ваквиот однос од министерството се намалува квалитетот на воспитно образовен процес.

Во пресрет на новата учебна година, се купуваат тетратки, училишен прибор, ранци и останат училишен материјал, но за разлика од минатите години сега цените се повисоки до 60%.

Најголем скок на цените има кај тетратките што, според книжарниците, се должи на поскапувањето на хартијата. Ако цената на една мала тетратка пред пандемијата била 10 денари, сега за истата тетратка се плаќа двојна сума односно 20 па и 30 денари. Поквалитетните тетратки кои пред пандемијата можеле да се купат по цена од 30 денари, сега се поскапи до 50% односно нивната сегашна цена се движи стига до 70 денари.

Како и да е, скапо или евтино, учениците се тие што ќе треба тоа да ги оправдаат со учење. Но прашањето е како. Без сведителства за завршена година, без учебници, без главни книги за наставниците, најавени реформи и промени на наставната програма, нејасна судбината на предметите историја и општество. Од ресорното министерство признаваат дека има проблеми, но учебната година ќе започне на први септември.

Борис Грујоски