Ако треба ќе „се стегне ременот“ – Основите за на училиште мора да се купат

За првиот училишен ден, дел од родителите со училишни материјали се снабдиле предвреме, дел, чекаат список од училиштето за тоа, кои се основните потреби за настава. Скоро сите локални самоуправи на различни начини поделија помош и олеснување за првачињата во своите општини. Дел со еднократна парична помош, дел, со нови ранци или училишни прибори, додека пак други, со бесплатен преглед кај очен лекар или тренинзи по пливање.

Но и покрај помошта од општините, за голем дел од родителите пазарењето за првиот училишен ден е финансиски предзвик. Велат, за учениците мора да се обезбедат учебни матерјали, па макар, да скратат и од други семејни потреби.

Од книжарите велат дека се обидуваат да не ги менуваат цените, па дури да понудат и попусти. Сметаат дека секој треба да има можност да ги обезбеди основните училишни материјали.

  • „Се бара стандардно, она што го бара наставата и наставната програма, за што ние сме целосно подготвени, затоа што ги следиме потребите, како на родителите, на децата, така и на наставниците и концептот е, се што е потребно за еден ученик да може да се најде на едно место. Она што, како фирма, како книжара го планиравме и размислувавме е цените да останат исти како минатата година.“ – Вели Ксенија Трајчева, одговорен уредник во Просветно дело. – „И кога се одвиваше наставата во онлајн услови секако мораше да ги имаат потребните материјали, за да ги реализираат програмските задачи и цели предвидени со виспитно образовната програма, како во предучилишното, така и во основното и во средното образование.“ – Додава таа.

Оттаму додаваат дека најмладите секогаш доаѓаат да купат предвреме, кога има најмногу избор.

Родителите сметаат дека пазарењето за првиот училишен ден секогаш претставува финанскиски товар. Книжарите свесни. Велат, како општествено одговорни компании, секогаш се трудат учебните материјали да се достапни за секого.

Како што признаа и од ресорното министерство, оваа учебна година започна со многу предизвици. Сведителства наместо на почетокот, се поделија на крајот на распустот, а сега засега, неколку генерации ученици се уште се во неизвесност за тоа, кога и дали воопшто ќе добијат учебници.

Никола Цветкоски