Ако не го проценат како болен, Коста ќе си оди дома, вели адвокатот Тома Фила

Сега веќе 14-годишниот Коста Кецмановиќ, кој на 3 мај годинава во крвав пир уби деветмина свои врсници и чуварот на основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, засега сè уште е на специјалното одделение на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца, но според познатиот адвокат и пратеник во српското собрание, Тома Фила, доколку лекарите не утрврдат дека има некакво нарушување – тој може да излезе на слобода.На осомниченото момче му е извршено вештачење. Ќе биде детално и доколку лекарскиот тим утврди дека е ментално болен, остатокот од животот ќе го помине во лудница. Од друга страна, ако се утврди дека нема нарушувања, тој си оди дома, вели Фила за српските медиуми.Познатиот адвокат се осврна и на неговите родители. Неговиот татко е во притвор, а на мајка му ѝ е забрането да ја напушти Србија.Не знам многу факти за неговиот татко за да го предвидам исходот. Се зависи од обвинителството и за што ќе биде обвинет и како тоа ќе се докаже. Што се однесува до мајката, не гледам каков ќе биде резултатот од органот за старателство. Имаше ли злоупотреба на деца, вели Фила по повеќе од два месеци од трагедијата.

F

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста