Ако не го добијат ветеното покачување, здравствените работници ќе стапат на генерален штрајк

Револтот на здравствените работници кулминира. Ако во најкус рок не го добијат ветеното покачување на платите синдикатите најавуваат генерален штрајк во здравството. “Белите мантили” се револтирани и демотивирани велат од синдикатот на Клинички. Прашуваат до кога ќе молат за повисоки плати и подобри услови за работа?

Синдикатот предупреди дека во моментов во здравството се случува таканаречен бел или тивок штрајк во кој им се губи ентузијазмот на вработените.

“Здравството е осетлив и значаен систем, столб на државата”, нагласија претставниците на синдикатите.

Покачувањето треба да важи од март, но кога навистина ќе се случи е неизвесно оти се уште се чека одобрувањето од министерство за финансии. Ресорниот министер пак се правда дека се било усогласено и за неколку дена ќе почнела исплатата со повисоки плати.

Ние се стремиме, здравствените работници секогаш да имаат подобри примања и за тоа ќе се залагаме и во иднина” нагласи министерот Меџити.

Двата синдиката за задравство на 30 ти март се договорија со претставниците на министерот Меџити за зголемување на платите. Медицинските сестри требаше да добијат по 3000 денари зголемување, а останатите вработени во здравство по 2.000 денари.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста