„Ако го изгубиме Гоце Делчев, ќе ја изгубиме историјата“ – Трибина на Патриотскиот интитут на ВМРО-ДПМНЕ

„ Ако го изгубиме ликот и делото на Гоце Делчев се губиме самите себе си како Македонци„- порачаа од Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ од трибината што денеска се одржа во Штип. Токму и целта на постојаните напади од страна на нашиот источен сосед, приграбувајќи го Делчев, е да не обезличат како нација, рече историчарот Слободан Ников.
- „Ако го изгубиме Гоце Делчев како човек што го сврза македонското револуционерно ткиво, ќе ја изгубиме историјата, се губиме сами себе како Македонци. Целта на сето ова што се случува , односно овој силен атак, што се врши врз историјата посебно врз Гоце Делчев, целта на нашиот источен сосед е тоа да не обезличат , да го присвојат Гоце Делчев , а без него Македонија неможе да да постои„ изјави Слободан Ников, историчар.
Во одбележување на роденденот на Гоце Делчев кој е и патрон на институтот, од страна на членовите ќе се организира херојска стража на неговиот гроб. Очекуват чествувањето да помине во најдобар ред иако се најавува дека на 4-ти февруари во земјата ќе пристигне и организирана група од Бугарија.
- „Не уверува дека нашите сопствени деца ни се Бугари, дека се нивни, комшиски деца. Тоа ние како Македонци не смееме да го дозволиме, бидејќи во корен се бришеме и како држава и како народ„ изјави Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ.
Освен во Штип, ваква трибина ќе има и во Ѓорче Петров. Историски час за ликот и делото на Гоце Делчев ќе се одржи на 4-ти февруари, каде освен историчари, свое излагање ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Александра Ристевска