Ако во недела просечната температура е под 12 степени, ќе има парно в понеделник

Ако во недела просечната температура се спушти под 12 степени, системот е подготвен за веќе од понеделник радијаторите да бидат топли. Откако граѓаните измрзнаа во изминатите неколку денови, особено во утринските часови кога на некои места температурите беа и под нулата, директорот на Регулаторната Комисија за енергетика објаснува дека грејната сезона најрано може да почне на први октомври. Дистрибутерите на топлинска енергија биле подготвени.

Во наредниот период ќе се менуваат правилата за снабдување со топлинска енергија, па од Регулаторна објаснуваат дека се разгледува и можноста грејната сезона во иднина да може да почнува и од септември. Сепак, требало да се имаат в предвид не само трошоците на компаниите, туку и сметките за парно на граѓаните кои би биле зголемени.

Балкан Енерџи Груп ги повика граѓаните да ги проверат системите за греење во домот и да ги пријават евентуалните дефекти во инсталацијата, за да не се соочат со пукање на вентилите.

Тања Попова