Академската фела го обели образот за денот на Гоце – власта молчи, исторчарите предупредуваат

Наместо национално чествување со највисоки државни почести, научен симпозиум беше единствениот настан кој достојно ја одбележа 119-годишнина од смртта на македонскиот учител и великан Гоце Делчев. Преку научни видувања академската фела го обели образот во чествувањето на неговиот лик и дело, но  гневни се што политиката ја користи историјата за надминување на билатералниот спор со Бугарија. Професорката Билјана Ванковска вели дека во Македонија постои самоцензура и тотален молк во име на создавање политички поени.Остро реагира дека е недолично е што историчарите се зафатија со политички зафат и преговори, особено за столбот на македонската државност Гоце Делчев.

Ниту една историска комисија нема мандат да ја менуваат колективната меморија на македонскиот народ, остро реагира професорот по историја Ѓорѓи Чакарјаневски. Дециден е дека и покрај тоа што политичките елити го користат за пазарење, Делчев и денеска останува симбол на борбата за независна држава.

Иако поканет на симпозиумот не се појави професорот Драги Ѓорѓиев кој стои на чело на македонската страна во мешовитата комисија со Бугарија, на чиј дневен ред во моментов е ставен токму македонскиот великан Гоце Делчев и ревизијата на историските учебници онака како што бара официјална Софија.

  Ивана Соколовиќ Најдова