Академиците против попис без етничка припадност

Најавите за попис без графа за етничка припадност ја разбрануваа и МАНУ. Откако директорот на Државниот завод за статистика ја отфрли можноста на пребројувањето во 2020 народот да се изјасни за својата етничка и верска припадност, дел од академиците се огласија со негодување.

Инаку, бришењето на графите за етничка и верска припадност кренаа прашина во јавноста, но и во експертските кругови.
Доколку пописот ја нема оваа клучна графа, велат и дел од универзитетските професори, Македонците нема да бидат забележани како посебен народ ниту во сопствената држава.

И екс директорот на Статистика, Дончо Герасимовски потсети дека пописот во 2020 ќе биде преседан во однос на претходните пет и дека ова пребројување нема да даде релевантни податоци, од кои зависи и иднината на земјата и нејзините граѓани.

Инаку, во следниот попис е предвидено да има само прашање за јазикот, односно кој јазик е мајчин за индивидуалецот и кој јазик се зборува во домаќинството.

Андреа Василевски