НАЈНОВИ ВЕСТИ

Академик Kоцарев: Aко кажеме „НЕ“ за уставните измени, сите ќе не почитуваат повеќе

Доколку кажеме „НЕ“ за уставните измени, сите ќе не почитуваат повеќе. Ова е пораката и апелот што упатува претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев во неговата најнова колумна за весникот Нова Македонија.

„Време е сите едногласно да им кажеме НЕ на уставните промени под овие услови, време е да им кажеме НЕ на сите притисоци со коишто, со невидена жестокост и бескрупулозно, катадневно се соочуваат граѓаните на Македонија. Промени во Уставот се можни само тогаш кога Македонија ќе стане рамноправна членка на ЕУ“, пишува академик Коцарев и додава дека Македонија е мала држава, но, сепак, треба секогаш да ги брани своите национални интереси, а не да биде сервилен умилкувач и геополитички подлизурко.