Академик Љупчо Коварев: Македонски холокауст и културен геноцид на Македонците се договорите со Грција и Бугарија

Македонски холокауст и културен геноцид на Македонците. Тоа е политиката на македонските власти последниве години – жестоки критики до Владата испрати првиот човек на Македонската Академија на науките и уметностите, академик Љупчо Коцарев.

Според него договорите со Грција и со Бугарија за Македонците значат дека македонскиот народ нема свое место во светот, место што другите го признаваат и гарантираат и дека македонскиот народ повеќе не припаѓа на семејството на сите народи. Коцарев порача дека 17-ти јуни 2018-та денот кога беше потпишан Препсанскиот договор треба да биде прогласен за ден на македонскиот холокауст.

-Одговорните за овој грозоморен чин јавно да им се извинат на Македонците. Договорите со Грција и со Бугарија, кои што претставбуваат културен геноцид на Македонците, во колективата меморија на македонскиот народ да се именуваат со синтагмата македонски холокауст и надлежните институции во Македонија да го предложат за ден за комеморативно одбележување на македонскиот холокауст, изјави Коцарев.

Коцарев со жалење тврди дека Македонците после потписите на Никола Димитров и Никос Коѕијас веќе не е оној истиот македонски народ кој бил признаен речиси од целиот свет. Побара од властите да престанат со поразителната политика во однос на соседите, а пак од сите 120 пратеници побара да не ги поддржат уставните измени.

-До 16-ти јуни за повеќе од 130 држави и за речиси 80 проценти од жителите на планетата земја ние бевме Македонци што живеат во Република Македонија, а веќе на 17 јуни 2018-та- само еден ден подоцна, македонскиот народ целосно исчезна од меѓународната сцена. Ако дозволиме уставни промени, тоа ќе значи широко отворање на портите за други, нови, нестварни и небулизни барања, што ќе повлече соочување со уште поголеми искушенија, изјави Коцарев.

Првиот човек на највисоката научна институција во државата се пожали и од одност на властите. Вели лукративните, сервилните и неуки политичари довеле до уништување на науката, уметноста, образованието, здравството, економијата и интелектуалната мисла.

-За жал, власта со сите сили настојува да ја задуши, да ја оневозможи и да ја маргинализира работата на МАНУ, па така на пример на уредно  и на навремено поднесените барања настојува поднесените барања за користење на средства обезбедени од други извори, најчесто од меѓународни проекти, Министерството за финансии или не ги одобрува тие барања или тие брања неоправдано долго чекаат во фиока, изјави Коцарев.

Негрижата на власта кон МАНУ се докажува со фактот дека во моментите кога таму се одржуваше годишното Собрание, Секретаријатот и стручните единици се во штрајк барајќи повисоки плати. Тие велат дека со месечниот приход кој го добиваат и галопирачката инфлација последниов период, едвај преживуваат од први до први.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста