Ажурирање и обнова на сите безбедносни документи неопходен услов за решавање на евентуални конфликти

Нашата земја се наоѓа во длабоки реформи на безбедносниот систем, но промената на уставното име на државата сега ја наметнуваат потребата да се изврши ажурирање и обновување на сите безбедносни и стратешки документи на државата-велат експертите по безбедност.

Домашните експерти и оние од регионот сметаат дека безбедносните преговарања и мапирањето на безбедносните ризици единствено можат да придонесат кон навремено решавање на евентуалните кризни состојби или конфликти од поголеми размери, во кои може да се најдат земјите од регионот.

Западен Балкан се наоѓа во период клучен за стабилизација на регионалната безбедност и во тој контекст особено е значајно што побрзо да се решат билатералните односи во прв ред, помеѓу Србија и Косово, спор кој претставува опасност за целиот регион.

Експеритите заклучија дека треба будно да се следи и движењето на борците повратници од кризните жаришта, но да не се запостави и мигрантската криза, бидејќи велат, се детектираа бројните слабости на Европската унија која нема заеднички одовор кога станува збор за бегалската криза.

Росица Голабоска