Аерозагадувањето повторно урива рекорди

Ни студеното време, ветрот и снегот не ги спасија жителите на Македонија од загадениот воздух.  Повторно ПМ 10 честичките кои се почесто се над 5 пати над дозволеното лебдат во воздухот. Според пладневните мерења на воздухот, во центар во Скопје беа измерени 221 пм 10 честички на метар кубен, во Карпош 183,Ректорат 240, Битола 238, Гостивар 200, а во пак Кичево 208 пм 10 честчки.

Граѓаните и оваа година се молат за делотворни мерки кои ќе го расчистат загадениот воздух, кој секојдневно ги полни болниците, велат воздухот во Македонија се чини дека е позагаден кога некоја политичка партија е во опозиција, односно велат дека очекувале дека критиките кои СДСМ ги давала како опозиција во врска со воздухот, тие самите ќе ги корегираат, бидејќи борбата за чист воздух била еден од главните адути во предизборните кампањи.

Светските истражувачи велат дека загадувањето на воздухот го намалува животниот век, во просек за 1,8 години по човек, правејќи го најголем убиец во светот.

Универзитетот во Чикаго, преку Индексот за квалитет на воздухот, истражувајќи делови во Индија, со чии градови Македонските се борат за првите места на црната листа, дојде до резултат дека луѓето таму ќе живеат 11 години помалку, поради високото загадување на воздухот..

Македонија е дел од државите со слаб квалитет на воздухот. Мерните станици ширум државата не често функционираат, а властите зборуваат дека преземаат мерки за да го исчистат воздухот, но засега значајни промени нема.

Мери Ѓорѓиевска