Аерозагадувањето повторно екстремно високо

Состојбата со загаденоста на воздухот во Република Македонија и понатаму останува катастрофална. Земјава се гуши од синоќа, мерните единици за квалитет на воздухот покажуваат дека е загадено осум пати над дозволеното. Скопје и денеска е високо на листата на градови со мошне висока загаденост на воздухот.
Интернет страната „airvisual“, каде што се собираат податоците од сите мерни станици во светот покажува дека нашиот главен град во моментов е на 8 место според присуство на опасни честички во воздухот.

Најзагадено, според податоците на „аirvisual“ е во Центар и во подрачјето кај Ректоратот. Алармантна беше состојбата и во другите градови на Македонија. Струмица вчеравечер беше убедливо најзагаден град а струмичани и се гушеа во смог. Мерните станици за квалитет на воздухот, покажуваа ниво на загаденост дури 8 пати над дозволеното. ПМ 10 честички беа 417 мг/м3, а максимално дозволената граница е 50 мг/м3. Екстремно загадување на воздухот е измерено и во Кавадарци каде беа измери 335 микрограми на кубен метар, Куманово 270, Битола 225, додека пак во скопските општини Карпош и Центар беа измерени 201 и 192 микрограми на кубен метар.

Иако голем број Граѓанските организации бараат итни мерки за справување со загадувањето на воздухот, засега од власта нема конктетни мерки за спречување на загадениот воздух. На тоа укажуваат мерните станици кои речиси секојдневно регистрираат загадување кое е повеќекратно над дозволеното, константната загаденост на воздухот укажува дека недостигаат стратегиски и долгорочни решенија.