Аерозагадувањето во Охрид шест пати над дозволеното

Шокантни и загрижувачки податоци – езерскиот град го задушува загаден воздух. На интернет апликацијата „Мој воздух” изминативе неколку денови, податоците за квалитетот на воздухот во Охрид, покажуваат енормно загадување на нашата воздушна бања. Континуирано, во вечерните часови, сумираните измерени вредности од сензорите на трите мерни станици покажуваат многу високо нови на канцерогените ПМ 10 честички. Само синоќа, во 19 часот концентрацијата на ПМ честичките изнесувала дури 323 микрограми на метар кубен, што е за 6 пати над дозволеното.

Таткото на градот, вели дека загадувањето било глобален проблем, а не само на општина Охрид.

ВД градоначалникот апелира до своите сограѓани, да се воздржеле од користење на моторни возила и доколку биле во можност да користеле други начини на греење на своите домови.

Точко вели дека ова е сигнал оти треба под итно акридитационо тело да ги потврди овие загрижувачки податоци за степенот на загаденост во Охрид. Инаку во вечерните часови во градот е тешко да се ужива во крајезерските прошетки бидејќи има смог, чад а се чувствува и непријатна миризба.

Новинар Росица Голабоска