Административците на работа во странство, земаат неплатен одмор

Државните службеници тргнаа на печалба, а дел од бироата во институциите останаа да зјаат прани. Полицајци, лекари, инспектори, економисти и правници. Македонската администрација во лето, преку неплатен одмор, до привремена работа во странство. Речиси нема државен орган, на локално или национално ниво, каде вработените не побарале неплатен отсуство.
– 21 од Министерство за внатрешни работи
– 16 од Биро за јавна безбедност
– 15 од Министерство за информатичко општество и администрација
– 5 од Генерален секретарија при Влада
– 3 од Министерство за правда
– 3 од Министерство за образование
Иако прашањето на Алфа за тоа колку од државните службеници го искористиле правото за неплатено отсуство, стигна до сите министерства и владини секратеријати, повеќе од половина не одговорија.
Правото за неплатено отсуство од работа е законски ограничено на најмногу до 3 месеци во една година, или подолго доколку работникот е избран да извршува јавна функција, а за тоа време, работодавачот е должен да го чува работното место.
Административците во помал обем одат на привремена работа, но затоа оние од приватниот сектор, особено од услужните дејности тоа го прават во огромен број па нашите угостители во лето остануваат без кадар, особено без келнери, шанкери, продавачи.
За Вицпремирот Битиќи, државните службеници кои земаат неплатено отсуство се непотребни во јавниот сектор, па им порача кога ќе се вратат во септември, да си ја бараат среќата во приватниот сектор.
- „Фактот дека може да добијат неплатен одмор, тоа значи дека нивните работни места не се потребни. Јас имам еден друг предизвик, кога ќе се вратат во септември, да истите слободно ги понудиме на приватниот сектор. Ако има такви кои навистина би сакале да се откажат од луксузот кои што некој им го дал да бидат дел од јавниот сектор јас го давам предизвикот, во септември може да се пријават, соодветно во секоја една приватна компанија“ – Изјави Битиќи.
Ниту едена институција нема точни бројки колку Македонци заминуваат на привремена работа и кои се нивните дестинации.
Сепак, според понудата и побарувачката на работници може да се види дека најоглем дел последниве години одат на хрватското крајбрежје. Таму бројот на одобрените работни дозволи за македонските граѓани е зголемен за 60% во споредба со истиот период лани. На Јадранот во моментов работат десетина илјади Македонци.
Додека за некои најпримамливо е јадранското крајбрежје, за други тоа се грчките овоштарници или централно-европските компании, кои често нудат плати и неколкукратно повисоки од макеоднскитите, како и подобри работни услови.
Никола Цветкоски