Адвокат Митровски: Незаконито постапување на Центарот за социјални работи

Татко на две малолетни деца со месеци води “војна” со институциите молејќи  да се грижи за своите чеда. Голготата на скопјанецот почнала по тешкиот тригодишен развод од сопругата по кој
децата се доделени на чување, воспитување и делумна издршка кај мајката. Таа постојано го пријавува таткото во центарот за социјална работа дека наводно тој психолошки ја малтретирал неа и двете ќерки. Таткото кој сака да остане анонимен тврди дека децата му се се во животот и во ниту еден момент не постапил подрешно со нив. За случајот алармира адвокатот на таткото Јанаки Митровски кој тврди дека Центарот за социјална работа во Скопје не работи според закон. Тој обвинува дека по секоја цена сакаат да му ги одземат правата да ги гледа често иако и ќерките очајно бараат да поминуваат повеќе време со својот татко.

Се соочуваме со психолошко насилство врз него,затоа што ова е 23 пријава за наводно психолошко семејнос насилство бидејќи намерно не се оди со физичко оти затоа треба доказ.Сите 22 не се завршени со мерки за семејно насилство што значи дека се неосновани меѓутоа со оваа 23 пријава имаме сигурно информации дека се прави притисок од екс функционерка да се донесат предлог мерки што е крајна цел и доста мизерно, ограничување на еден час неделно под надзор на ЦСР.” – вели Јанаки Митровски, адвокат на таткото.

Адвокат вели дека со сите сили ќе се бори за овој случај, бидејќи не е титу прв ниту последен. Тврди дека има докази со кои ќе покажат дека таткото не е насилник туку грижлив родител како што тврдат од центарот за социјална работа.

Такото не е само банкомат, и има право како што има и обврски и сакам да алармирам  е дека министерката на МТСП треба да размисли дека постои отворена дискриминација на татковците во Центрите за социјална работа,особено кога се работи за деца до 10 години.Поради ваквото незаконито однесување побаравме вонреден инспекциски надзор од МТСП ќе побарам од заводот за социјални работи, поднесовме и ние пријава за психолошко насилство врз таткото.” – изјави за Алфа адвокатот Митровски.

Алфа испрати прашања до Центарот за социјални работи во Скопје, од таму не добивме одговор. Го исконтактиравме и  в.д директорот на институцијата, тој во телефонски разговор ни рече дека познат му е случајот но не откри детали, единствено ни потенцираше дека одговор нема да добиеме во скоро време.

Инаку, при развод, старателството врз детето најчесто го добива мајката. Дека тоа е фер и одлука на судот која е во интерес на детето сметаат над 70% жени и околу 45% мажи, покажуваат последите статистики.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста