Агресивна кампања на Бугарите за асимилација на Македонците во Албанија пред стартот на пописот
Расте притисокот врз македонското малцинство во Албанија пред претстојниот попис да се декларираат како Бугари. Бугарски пасоши се нудат како на пазар. Претседателот на македонскат аалијанса за европска интеграција вели дека ова емногу профитабилен бизнис таму. Македонците кои живеат во Пустец, Врбник, Голо Брдо, во последниве години се изложени на агресиивна кампања за асимилација вели Стерјовски.
- „Бугарската агресивна кампања, посебно пред пописот, нема да не поколеба и повеќе од убеден сум дека каде и да живееме во Албанија ќе се изјасниме она што сме – Македонци. Ние живеме на границата со Македонија, каде живеат нашите браќа. Еве гледајте на оваа страна се Македонци во Македонија, на другата е исто така Преспа-Грција и таму живеат Македонци. Ние тука сме староседелци, не сме дошле од друго место и затоа не можеме да бидеме Бугари. Во меморијата на Македонците кои живеат во Албанија неизбришливо стојат масакрите кои ги направиле бугарските окупатори за време на окупацијата на Албанија во Првата и Втората светска војни, кога репресиите биле најсилни токму врз Македонците“ – вели Стерјовски.
Тој во изјава за Еуроњуз на Албански јазик, вели, дека за бугарски пасош припадник на македонската заедница може да плати пет илјади евра, додека Албанците плаќаат по 25 илјади евра. И покрај тоа што дел од Македонците таму, добиле бугарски пасош, не се откажуваат од македонската националност, вели Стејовски.
- „Не, никогаш. Македонците, што добиле бугарски пасош, а се малку по број, никогаш не се откажале од македонската националност. Во Албанија има илјадници албански државјани кои аплицирале за бугарски пасош, повеќето од нив се со албанско потекло кои овој бугарски пасош го извадиле со наплата на голема сума пари, за да ги користат привилегиите на Европската Унија“ – вели Васил Стерјовски, претседател на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, за Еуроњуз на албански јазик.
Иако на последниве 11 пописи кај западниот сосед, ниту еден жител не се декларирал како дел од бугарско малцинство, државниот врв на Бугарија ја принудува Албанија да признае бугарско малцинство.
Во пресрет на пописот, во посета на најмакедонските села Голо Брдо и Големо Острени беше дури потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова за да отвори бугарско училиште.
Викторија Миткова