Агелер со осуда за Ковачевски и Ахмети: Лидерот на ДУИ наместо да се извини повторно ги нападна Алфа и Телма

Нападите кон медиумите од страна Димитар Ковачевски и Али Ахмети претставува опасност според американската амбасадорка Анџела Агелер. Таа ги осуди овие случувања кои зачестија последниов период, порачувајќи дека слободата на медиумите е многу важна во секоја земја. Според Агелер ниту еден функционер, ниту поединец не смее да ја напаѓа седмата сила.

Наместго извинување, Ахмети повторно ги нападна Алфа и Телма. Во само 30-тина секунди временска разликам порача дека дикогаш не кажал ништо лошо за двата национални медиуми, но сепак тие биле антиалбански телевизии, каде се зборувало дека оваа држава не е на Албанците. На Али Ахмети не му било добро кога на овие телевизии, се говорело дека тие воделе терористички групи, без да прецизира кога такво нешто било кажано.

-Денеска Албанците во оваа држава се чувствуваат исто како и сите други и нема од што да се плашат ни Македонците ни македонските интелектуалци и сега има една војна од медиумите. Јас никогаш не сум зборувал лошо за медиумите ниту за Телма, ниту за Алфа и секогаш сум ги барал да дојдат и ние сега слушаме секој ден на овие телевизии како се зборува дека оваа држава не е на Албанците и дека ние водиме терористички групи, тоа не е добро, изјави Ахмети.

Ахмети не покажа доблест да се извини на двете национални телевизии, бидејќи ги нарече антиалбански. Се обиде да се испере велејќи дека не мислел на медиумите, туку дека гледачите кои се јавувале во контактните емисии биле лоши.

-Тоа не се однесуваше кон телевизиите, туку поради различните реакции кои што постојат меѓу граѓаните и кои што се поттикнати. Сметам дека граѓаните треба да бидат правилно ориентирани. Најважно е дека треба да се ориентираме правилно, поточно да научиме од минатото, изјави Ахмети.

Алфа се најде на удар и од страна на премиерот Димитар Ковачевски, кој во нашата телевизија гледал партиско гласило. За разлика од Ахмети, тој изнудено се извини, немал причина за тоа, ама ако сме барале ете ќе се добиеле извинување.  

Матеја Петровски

Advertisements

Поврзани вести