Агелер: Водството на Макеоднија мора да пронајде начин да го фати вистинскиот правец

Додека јавноста ги очекува новите имиња на американската црна листа, амбасадорка Анџела Агелер ги повикува политичките елити да се вклучат во решителна борбата против корупцијата, прашање кое за Македонија е горлив проблем и поради што младите си заминуваат од земјава. Водството во државата вели, мора да го пранајде вистинскиот правец, поддршка од САД Македонија ја има но нема да го стори тоа наместо вас, порачува Агелер.

Иако се болни промените кои се бараат од Македонија, САД ги повикува и власта и опозцијата да соработуваат за клучите државни прашања, но и дава гаранции за идентитетот, јазикот и културата.

  • За да го преземете следниот чекор, кој ќе ја води вашата земја кон посветла иднина, мора да има политичка волја. Во секоја држава за одредени важни одлуки потребно е власта и опозицијата да работат заедно, да ја тргнат настрана политиката и да го сторат она што е добро за граѓаните. Ќе го зачувате јазикот, ќе ја зачувате културата, ќе го зачувате идентитетот, тоа е вашето наследство, тоа е нешто суштинско кое ве прави она што сте како држава и во исто време ќе добиете многу. Приклучувањето во ЕУ ќе и обезбеди на Северна Македонија подобро да се справи со домашните предизвици…“ рече Агелер.

Од друга страна, претседателот Пендаровски, кој на конференцијата за односите помеѓу Македонија и САД во ера на геополитички превирања, не сакаше да одговори на новинарските прашања. Во својот говор се осврна, дека Америка секогаш била за мир во Македонија и регионот без да зазема една или друга страна.

  • Постои една перцепција, и во регионот и кај нас, дека Америка повеќе ги поддржува Албанците отколку другите. Од она што го знам, и што сум истражувал и пишувал, и практично го работам тоа со години, и денес, САД, никогаш не биле проалбански, никогаш не биле антимакедонски, во своето постапување во регионот. Секогаш ги следеле своите национални интереси, а да повторам, нивниот национале интерес е Балканот да биде стабилен и каква Македонија ги интересира? Два три елементи од тоа: Прво ги интересира Македонија да остане во своите граници, да не се менуваат ниту нашите ниту другите граници, по падот на Југославија.. Друго, Македонија да биде демократија, не да биде автократија или да оди кон диктатура, и Македонија да биде фунционална мултиетничка демократија“ вели Пендаровски.

Американската амбасадорка признава дека македонските граѓани направиле многу жртви и компромиси, но според неа тоа се исплатило со оглед на статусот на земјава во меѓународната заедница, нагласи американската амбасадорка Агелер.

Викторија Миткова

Advertisements