Автопатот Миладиновци-Штип се уште не е пушен во употреба, АМСМ повторно ги предупредува возачите

Автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци, не е пуштен за сообраќај, се вршат проверки од безбедносен карактер и возачите не треба да го користат, информира Автомотосојузот на Македонија.

Поради рехабилитација на асфалтот на патот Кичево – Охрид помеѓу планинскиот превој Пресека и село Песочани сообраќајот од денеска ќе се одвива под посебен режим со преминување од една во друга коловозна лента.

На местата на изведување на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.